Фалангата почна да се загрева за Унгарија - во пештера (ФОТО+ВИДЕО)
Од Вараждин, Хрватска
ИГОР КРСТЕВСКИ
На улиците во овој град почнува да доминира жолто-црвената боја, видлива на шаловите, капите и дресовите на верните следбеници на нашите спортски херои, со кои заедно се редовни учесници на големите натпреварувања во последните 15-тина години. Кафеаните и пабовите се полнат, а веќе е познато зборното место на најголем дел од Фалангата, која својот поход кон салата ќе го почне од - пештера.
Ова секако не е буквално, туку е дел од името на кафулето "Медина шкриња", каде што во моментов има најмногу Македонци. Тука веќе ечи македонската песна, а се е во боите на Македонија. До почетокот на средбата има уште многу време, што значи уште многу испеани рефрени, навивачки рефрени и секако испиени литри пива.