Кварацхелија во три часот по полноќ го посетил муралот на Марадона за збогум! (ВИДЕО)
Кварацхелија од херој брзо стана омразен играч за фановите на Наполи. Грузиецот одлучи среде сезона да го напушти тимот кој се бори за Скудетото, а тоа не им се допадна ниту на фановите, ниту на Конте.
Тој во дуксер со капа на главата во три часот по полноќ го постеил муралот на Марадона за збогум со што покажа дека сепак му значи Наполи.
Кварацхелија во ПСЖ ќе заработува многу поголема плата од таа што ја имаше во Наполи, а францускиот клуб за овој трансфер ќе плати 70 милиони евра и плус уште 10 во бонуси.