Огромна трагедија - почина Александар Јовиќ!
Иако роден во Бјелина (БиХ), Јовиќ половина живот го помина во Македонија, играјќи за најголемите клубови во земјава, како и репрезентацијата на нашата земја, како натурализиран ракометар. Играше во амбициозните Борец и Јафа Промет, а потоа и во Вардар, Металург и Пелистер. За македонската репрезентација играше на Светското првенство во 2009 и Европското во 2012 година.
Последните месеци, тој беше тренер на скопскиот суперлигаш Пролет, откако претходно ги водеше Металург, Металург 2, Пелистер и Пелистер 2. Со Пелистер ја освои шампионската титула во домашното првенство, прва за клубот по 2006 година.