Се најде решение: Карвахал сепак ќе игра повторно во Мадрид
Целата кариера Карвахал ја помина во Реал, а „Бернабеу“ го напушти минатото лето. Сега, конечно се договори со Хетафе, меѓутоа потоа реагираше Ла Лига која не му дозволи да потпише за тимот од Мадрид.
Проблемот со Ла Лига настана поради неговата плата бидејќи се сметаше дека е премалку да игра за 400.000 евра годишно затоа што само сезона претходно неговата плата во таборот на „кралевите“ изнесуваше десет милиони евра.
Сепак, на крајот изгледа е пронајдено решение за сите страни и во утрешниот ден се очекува Шпанецот и официјално да го комплетира трансферот.