Поранешниот англиски шампион се продава за 260 милиони евра!
Тајландската компанија „Кинг Пауер“, која го купи клубот во 2010 година, ја започна постапката за продажба, а заинтересираните купувачи треба да ги достават своите понуди до петок, 16 октомври, објави британскиот „Скај њуз“.
Семејството Шривадханапрабха, кое стои зад „Кинг Пауер“, одлучи да го продаде клубот по големиот спортски и финансиски пад. Лестер во последните четири сезони дури трипати испадна од лига, а денес настапува во Лига 1, третото ниво на англискиот фудбал. По одиграните осум првенствени натпревари, се наоѓа на 17. место со девет бодови.
Како што наведува „Скај њуз“, инвестициската банка „Сити“, која ја советува компанијата „Кинг Пауер“ во процесот на продажба, ги известила заинтересираните купувачи дека понудите мора да ги достават до крајот на неделата. Рокот наводно бил продолжен за да се овозможи вклучување и на дополнителни потенцијални купувачи.
Британските медиуми пишуваат дека тајландските сопственици очекуваат понуди во вредност до 225 милиони фунти, односно приближно 260 милиони евра. Продажба по таа цена би претставувала рекорд за клуб од третото ниво на англискиот фудбал.