Неизвесна е иднината на Олисе: Баерн прифатил 200 милиони евра, но сега Французинот прави проблем?
За фудбалерот, кој во наредните години би можел да стане најдобар играч на планетата неизвесно е дали уште долго ќе го носи дресот на германскиот гигант, Баерн Минхен.
Според последните информации, Французинот ја прифатил платата со која би станал најплатениот играч во тимот со годишна заработка од 25 милиони евра, наместо досегашните 14 милиони. Сепак, проблемите се од поинаква природа, иако со новиот договор би заработувал повеќе и од Џамал Мусијала и од Хари Кејн.
Олисе има цел да ја освои „Златната топка“ и смета дека полесно би можел да стигне до неа како член на Реал Мадрид отколку на Баерн. Поради тоа, тој сака да има откупна клаузула во договорот. Баерн се согласил на таква опција и поставил сума од 200 милиони евра, но сега повторно се појавил проблемот со Олисе.
И самиот фудбалер, како и неговите застапници, смета дека 200 милиони евра се превисока сума. Сепак, Баерн дефинитивно нема лесно да се согласи на значително пониска откупна клаузула, па сега се поставува прашањето како ќе продолжат преговорите.
Реал Мадрид очигледно има свој план и би можел да го доведе Олисе можеби уште следното лето, односно за помалку од една година, а што ќе се случува останува да видиме.