Ѓорческа елиминирана во првото коло во Лисабон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на турнирот во Лисабон и денеска беше елиминирана од Французинката Бурел со 2-0 во сетови.

Бурел тргна подобро од самиот старт и првиот сет го доби со убедливи 6-1, додека во вториот ѝ дозволи на Ѓоречска три гема и за еден час и 11 минути стигна до победата.

Ѓорческа во овој меч не беше на своето највисоко ниво и голем проблем за нашата претставничка беа загубените поени на прв и втор сервис.