Шпанците се мизерни - го користат Димитриевски за да ја оправдаат глупоста на Винисиус (ВИДЕО)
Повод е црвениот картон што Винисиус го доби на натпреварот против Виљареал, откако го повлече за коса противничкиот фудбалер. Случајот ги потсети шпанските медиуми на инцидентот од јануари 2025 година, кога Димитриевски имаше близок контакт со Бразилецот, по што фудбалерот на Реал реагираше со туркање и беше исклучен.
Мадридскиот весник „Марка“ во текстот со наслов „Два аршина за Винисиус“ ја потенцира разликата во судиските одлуки во двата случаи. Но, споредбата отвора и едно важно прашање: дали претходната спорна одлука може да биде оправдување за подоцнежна реакција на фудбалерот? Како што може да се види на фотографијата, а и на видеото, Димитриевски воопшто не го допира фудбалерот на Реал за косата, туку го удира по рамото. Винисиус потоа станува и го оттурнува македонскиот голман за што доби црвен картон.
Инцидентот меѓу Димитриевски и Винисиус вчера беше главна тема на социјалните медиуми каде навивачите на Реал го отворија случајот, но денеска на таа тема, свој текст има и Марка. Мадридскиот весник важи за близок на Реал, но дури и за него ова е мизерно бидејќи текстот не се базира на факти, туку на привидувања.