Eлмас асистираше, па беше исклучен - првпат во Италија! (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта во последниот натпревар од шестото коло во италијанската Серија А славеше победа над Венеција со 3-1, а натпреварот до крај на теренот не го дочека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Работата домашниот состав ја заврши во првиот половина час од средбата кога ги постигна сите три погодоци. Резултатот го отвори Франк Кеси по само четири минути игра кога Крстовиќ асистираше.

Само две минути подоцна, Црногорецот се запиша и во листата на стрелци и тоа по нафрлување од корнер на нашиот репрезентативец Елиф Елмас. Аталанта не застана тука и на истекот на 30-тата минута Крстовиќ и вторпат се запиша во листата на стрелци за веќе 3-0. Венеција седум минути подоцна постигна гол преку Хаинаут со кој го ублажи поразот.

Елмас во самиот финиш во 88-та минута поради груб старт над противнички фудбалер по проверката од ВАР беше исклучен. За Елмас ова беше само второ исклучување во клупската кариера и прво во Италија, претходно црвен картон заработи во Турција.