Руд е елиминиран од Австралија опен, Зверев лесно мина во следното коло (ВИДЕО)
Менсик кој е на 46. место на АТП листата го доби првиот сет со 6-2, Руд возврати во вториот земајќи го со 6-3. Се чинеше дека Норвежанецот ќе продолжи така, но тоа не беше случај.
Следниот сет беше најубедлив за Менсик, го доби со 6-1, во следниот беше 6-4 за него со што победи со 3-1 во сетови.
Александер Зверев немаше никакви проблеми со Педро Мартинез, загуби само шест гејма, сетовите ги доби со 6-1, 6-4 и 6-1.