Сензационална најава: Конте пристигнува во Истанубл?!

Антонио Конте според последните информации од Турција би можел да седне на клупата на Фенербахче. 

Телевизијата „Беин Спортс“, објави вест која крена голема прашина во Истанбул. Откако тренерот на Фенербахче, Исмаил Картал како што стојат работите нема да се врати на клупата негов наследник би можел да биде славниот италијански стратег. 

Наводно, планот на управата е да ја искористи претстојната репрезентативна пауза за да го доведе поранешниот тренер на Јувентус, Челси, Интер и Наполи на клупата на турскиот гигант.

Конте важи за еден од најскапите и најбарани тренери во светот. Неговите финансиски барања, но и навиката да презема екипи исклучиво на почетокот на сезоната, со гаранции за огромен буџет за засилувања го прават неговото ангажирање во Истанбул во текот на сезона исклучително тежок предизвик за Фенербахче.

Сепак, останува наредните денови да покажат дали станува збор за медиумска шпекулација или сепак има вистина во ваквите тврдења.