Македонија сака прекин на црната низа, Седлоски знае како е да се победи Шкотска! (ВИДЕО)

Maкедонија вечерва на домашен против Шкотска ќе го игра третиот натпревар од новото издание во Лигата на Нации од „Б“ дивизијата и во него ќе се обиде да ја прекине црната серија.

Македонија последен пат победи на натпреварот против Лихтенштајн на 7 септември во 2025 година и од тој дуел одигравме десет натпревари во кои имамае пет победи и пет нерешени натпревари. Исто така на последните шест натпревари не успеавме да го најдеме патот до противничката мрежа, последен наш фудбалер кој се запиша во листата на стрелци беше Бојан Миовски во поразот од Велс во 23-тата минута од таа средба, точно 607 минути сме без погодок.

Сепак, ниту Шкотска не блеска, немаат победа на четири натпревари и во нив имаат три порази, а исто така и не постигнаа гол во тие дуели.

Селекторот Гоце Седлоски најави дека Македонија нема да се брани и ќе се обиде да наметне свој стил на игра.

„Ние не се браниме и нема да се браниме и утре против Шкотска. Ќе играме фудбал, но противниците се тие кои не ни даваат многу простор. Од она што го гледавме за Шкотска, тие се многу физички силни и агресивни. Ние мораме да играме наш фудбал, а ако не ги спречиме тие долги топки ќе имаме проблем. Не смееме да го прифатиме нивниот стил на игра, туку да го наметнеме нашиот“, заклучи македонскиот стратег.

Кога се меѓусебните натпревари во прашање, со Шкотска досега сме се сретнале четири пати и во нив имаме една победа, два порази и реми. Ние нашата единствена победа ја остваривме во 2008 година на 6 септември со 1-0, а стрелец на голот беше Илчо Наумоски.

Сегашниот селектор Гоце Седлоски настапи на таа средба и имаше големи заслуги за постигнатиот гол.

Но, Шкотска вечерва ќе има и голема поддршка бидејќи според најавите на трибините на арената се очекуваат околу 3.200 шкотски навивачи.

Натпреварот се игра во стандардниот термин од 20:45 часот.