Струга постигна мајсторски гол: Бојку ја скина мрежата на Скопје (ВИДЕО)

Струга постигна прекрасен гол преку Бесмир Бојку во 12. минута за предност од 1-0 против Скопје во 11. коло од Првата лига.

Од аголот на теренот топката беше испратена кон Бојку, кој ја прими надвор од казнениот простор на Скопје, а потоа испрати „бомба“ кон голот на гостите.