Добри гости ни дојдоа: Шкотланѓаните со донација во Кочани
Клубот работи со голем број млади фудбалери од Кочани и околните рурални средини, а донацијата ќе помогне во создавањето подобри услови за нивните тренинзи и натпревари.
Досега одржувањето на терените во голема мера зависело од волонтери, кои со рачни машини се грижеле за спортските површини. Со новата опрема, оваа работа значително ќе биде олеснета. На примопредавањето присуствуваа и младите членови на клубот, како и претставници на шкотската страна и Британската амбасада во Скопје, заедно со претставници на Министерството за одбрана.
Донацијата претставува конкретна поддршка за локалниот спорт и младите во Кочани, особено во средина каде спортските клубови често функционираат со ограничени ресурси.