Димитриевски не издржа, Валенсија останува закована на дното (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија го доживеа четвртиот пораз по ред и петти во шестиот натпревар сезонава откако вечерва загуби на гостувањето кај Севиља со 0-1.

Со гол разлика 1-10, тимот од Местаља останува закован на дното и може да се мрдне оттаму само ако Елче утре загуби од Атлетик Билбао со повеќе од два разлика. Вечерва Валенсија беше многу блиску до освојување на вториот бод во сезоната, но не ги издржа последните десетина минути.

Голот за победа го постигна десниот бек Иглесијас во 81. минута, по еден прекин, односно центаршут од левата страна, крунисувајќи ја со тоа доминацијата на Севиља во текот на мечот. Димитриевски повторно беше солиден на голот, но не можеше сам да ѝ донесе барем бод на Валенсија која очигледно и сезонава ќе се бори за опстанок во Ла Лига.