Менаџерот на Гвардиола мораше да демантира луда вест која се појави во Турција
Според информациите кои се појавија во европските медиуми, клубот од Трабзон ја разгледувал можноста да му понуди исклучително богат договор на актуелниот тренер на Манчестер Сити.
Сепак, сензационалната приказна брзо доби својот епилог. Според шпанскиот „АС“, агентот на Гвардиола јасно ставил до знаење дека неговиот клиент нема да преземе ниту еден клуб или репрезентација во текот на оваа сезона.
„Пеп оваа сезона нема да тренира ниту еден клуб ниту репрезентација“, порачал агентот на Гвардиола.
Со ова практично се стави крај на шпекулациите за можно доаѓање на Гвардиола во Трабзон, барем во тековната сезона. Турскиот клуб останува во потрага по нов тренер по разделбата со Теке. Трабзонспор моментално е на четвртото место во турското првенство со седум освоени бодови, но стартот на сезоната не ги задоволи челниците.
Дополнителен проблем беше и елиминацијата од европските квалификации. Трабзонспор доживеа тежок пораз од Ференцварош со вкупни 0-5, по што дојде до промена на тренерската позиција.