КФМ, конечно, закажа комеморација за Лечиќ – еден месец по неговата смрт!
Легендарниот тренер на Работнички, МЗТ Скопје, Олимпија, Борац Чачак и Арис почина на 12 август на 85-годишна возраст, по што на предводниците на макбаскетот им требаше повеќе од еден месец да организираат настан на кој ќе се слави се што тој направи за македонската кошарка.
„Македонската кошаркарска федерација ќе му оддаде посебна почест на Лазар Лечиќ, кој за жал, нė напушти прерано, во 85. година од животот. Во консултации со семејството на најголемата македонска кошаркарска легенда, федерацијата ќе организира комеморативен собир во чест на големиот Лазар Лечиќ. Ќе се одржи на 21.септември (сабота), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток од 13 часот“, се вели во објавата на КФМ.
Колку за споредба, пред четири години по смрта на уште еден великан, Благоја Георгиевски-Буштур, комеморација беше одржана по само два дена.