Отпадна Абу Даби, евролигашкиот Ф4 повторно во Белград!?

Српската престолнина Белград останува единствен кандидат за организација на завршниот турнир од Евролигата откако Генералното собрание на оваа прганизација ја отфрли можноста тој да се одржи во Абу Даби.

Главниот град на Обединетите Арапски Емирати понуди 75 милиони евра за организација на Ф4 во следните три години, но идејата не беше прифатена од мнозинството. Така, единствен преостанат кандидат за завршниот турнир од Евролигата останува Белград откако претходно од комбинација испадна и Барселона.

Финалната одлука уште не е донесена, а се шпекулира дека таа ќе биде позната на 15 ноември. Сепак, со оглед на ваквиот развој на настаните, јасно е дека Белград може да се подготвува по трет пат во последните седум години да ги пречека најдобрите четири клуба од континентот. Завршниот турнир се одржа таму во 2018 година кога триумфираше Реал и во 2022 кога титулата ја освои Анадолу Ефес.