Ова е најлошата Рома во последните 46 години!
Рома вчера го забележа шестиот пораз оваа сезона со што и официјално го има најлошиот старт во четири и пол децении во најдобрата италијанска лига.
Рома во моментов е на 12. место на табелата со освоени само 13 бодови и негативна гол разлика од -4.
Жозе Мурињо со Рома играше две европски финалиња по ред, но сопствениците сметаа дека овој тим има квалитет за повеќе. Вложија и 120 милиони евра во нови засилувања изминатото лето, сменија три тренери и сега се само четири бода над зоната за испаѓање, а дури 15 зад местата кои водат во Лигата на шампионите.