Лече го даде првиот гостински гол и ги освои трите бода од Венеција (ВИДЕО)

Новиот тренер на Лече, Марко Џампаоло стартуваше со победа, неговиот тим славеше со минимални 1-0 на гостувањето кај Венеција.

Венеција беше подобар тим во второто полувреме, имаше доволно шанси да води и со повеќе разлика, но не успеа да даде гол.

Казната стигна во 70. минута кога Доргу постигна гол за водство на Лече од 1-0, што беше и конечен резултат.

Ова беше прв гол на Лече оваа сезона на гостински терен, погодок кој вредеше цели три бода.

Претходно Емполи и Удинезе одиграа реми, 1-1.