РФМ ги исклучи од лига екипите што си даваа автоголови - ќе има и екстра казни!
РФМ донесе одлука со која двете екипи се исклучени од системот на натпреварување за сезоната 24/25 во сите женски категории, а исто така се очекуваат казни и за одговорните лица во тимовите.
Во текот на утрешниот ден се очекува објаснување за изречената санкција кон екипите кои покажаа како едни спортисти не треба да се однесуваат на теренот.