Невил поради очајниот Јунајтед си удираше шлаканици во емисија во живо (ВИДЕО)

Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед доби нова потврда во најголемото англиско дерби, откако Ливерпул го декласираше ривалот на „Енфилд“ со убедливи 4-0.

По 11 одиграни кола во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на претпоследното место на табелата со само осум освоени бодови. Играта и високиот пораз, но пред сè незаинтересираниот пристап на фудбалерите на Јунајтед, целосно го извадија од такт легендарниот капитен на клубот, Гери Невил.

За време на анализата во студиото на „Скај Спортс“ на самиот стадион – во друштво на водителот Дејв Џонс и стручните коментатори Џејми Карагер, Рој Кин и Даниел Стариџ – Невил направи несекојдневна сцена. Анализирајќи го говорот на телото и ставот на играчите на својот поранешен клуб, Невил најпрво жестоко ги критикуваше:

„Ниту еден од нив не видов да е напнат, фокусиран, на врвовите на прстите или да му е сè во ред со главата. Ниту еден.“

Веднаш потоа, Невил се загледа во празно со отворена уста, имитирајќи ги фудбалерите со зборовите: „Вака изгледаат“, а потоа ги шокираше сите присутни во студиото и гледачите покрај малите екрани, откако двапати силно си удри шлаканица викајќи: „Разбудете се!“