Македонските фудбалери вечерва имаа тренинг пред двата последни натпревари во Лигата на нации, и тоа против Летонија и Фарски Острови кои се играат на домашен терен.

Македонија ќе ја пречека Летонија на 14 ноември во Скопје, а три дена подоцна гостува составот на Фарски Острови.

Нашата репрезентација е прва на табелата со 10 бодови, по што следат Ерменија и Летонија со по четири, додека Фарски Острови имаат три поени.