Црвена Звезда му одржа лекција на Монако

Кошаркарите на Црвена Звезда го запишаа петтиот триумф во Евролигата, откако вечерва славеа на гостински терен кај Монако со 98-90.

Првата четвртина беше израмнета, по што Монако направи чекор напред и на полувреме замина со предност од 54-48.

Ц. Звезда во третата четвртина го анулира водството на домаќинот, а во последните 10 минути му одржа лекција и славеше со 98-90.

Петрушев со 25 поени, седум скокови и една асистенција беше најдобар кај Ц. Звезда, додека Џејмс постигна 20 поени, пет скокови и три асистенции за Монако.