Лоши вести за Милвоки: Лилард имал потрес на мозокот

Кошаркарот на Милвоки бакс, Демијан Лилард доживеал потрес на мозокот и поради тоа ќе паузира одреден период надвор од паркетот.

Милвоки е веќе без услугите на Крис Мидлтон, кој оваа сезона не настапи поради операција на двата скочни зглоба, а загубата на Лилард дефинитивно ќе биде нов удар за екипата.

Лилард оваа сезона во просек постигнува по 26 поени, 6,6 скокови и 4,6 асистенции по натпревар за Милвоки.