Де Лихт: Жал ми е за Тен Хаг, но не дојдов во Манчестер јунајтед само поради него

Стоперот на Манчестер јунајтед, Матијас Де Лихт направи пенал во завршницата од натпреварот против Вест Хем на 27 октомври кој „чеканите“ го реализираа и така дојдоа до победата, а по тој дуел отпуштен беше Ерик Тен Хаг.

Тоа беше спорен пенал кој го коментираше и шефот на судиите во Премиер лигата, Хауард Веб.

„Вообичаено секогаш сум самокритичен и можам да се лутам поради работи кои не сум ги направил како што треба. Но, ова не беше моја вина, не можев да се обвинам“, изјави Де Лихт.

„Комитетот на судии исто така не повика да ни каже дека не беше пенал“,  додека дефанзивецот.

Де Лихт смета дека Тен Хаг и немал среќа.

„Тен Хаг немаше многу среќа. Во повеќе натпревари игравме добро, но не ги искористивме шансите кои ги имавме. Штета е што заврши на овој начин“, истакна холандскиот стопер.

Со новиот тренер, Рубен Аморим се уште немал контакт.

„Добро работеше во Спортинг. Се надеваме дека ќе ни помогне да одиме чекор понапред. Аморим не е мој прв тренер и нема да биде последен. Не преминав во Манчестер јунајтед само поради Тен Хаг“, одговори Холанаѓанецот.