Веспрем уште еднаш ја победи Висла, Барса сигурна против Нант

Денеска се одиграа четири натпревари од ракометната Лига на шампиони, мало изненадување беше само победата на ПИК Сегед на гостувањето кај Кјлеце, останатите мечеви ги добија фаворитите.

Следниот противник на Пелистер, тимот на Веспрем славеше уште една рутинска победа над Висла Плоцк, овојпат унгарскиот тим славеше со 30-26.

Во групата во која е Пелистер се одигра и мечот меѓу Фуксе Берлин и Динамо Букурешт, германскиот тим беше убедлив со 38-29.

Кјелце поради предноста на домашен терен влезе како благ фаворит против ПИК Сегед, но гостите си заминаа со триумф од 35-31.

Барселона не дозволи изненадување на свој терен, лесно го совлада тимот на Нант со 36-30.