Николов: Покажавме карактер, но не беше доволно за добар резултат

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пораз од Литванија во Скопје, загубивме со 67-82 и ги загубивме реалните шанси за пласман на Европското првенство.

Најдобар во нашиот состав беше Кристијан Николов кој постигна 18 поени.

„Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме се што можевме, верувам дека ќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија. Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа… Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно“, изјави Николов по натпреварот.