Никогаш нема да се смени: Винисиус глумеше, па пак дивееше (ВИДЕО)

Иако му е јасно дека поради своето однесување не ја освои Златната топка оваа година, Винисиус не планира да смени нешто по тоа прашање.

И на денешниот дуел против Леганес, бразилскиот репрезентативец се однесуваше како тотален аматер и дозволи противниците да го провоцираат за потоа да влезе во конфликт и со нив и со цела домашна публика. 

Прво се обиде да изглуми дека е силно удрен по лицето иако во дуелот со еден фудбалер на Леганес беше едвај допрен во телото. Потоа, пред голот на домашниот тим, му се внесе в лице на друг противнички играч и малку недостасуваше пак да предизвика инцидент.

Се разбира, за ништо од тоа не доби жолт картон, а натпреварот го заврши со една асистенција, кон Мбапе за водство од 1-0.