Јончевски: Овој резултат не е реален, не заслуживме убедлив пораз!

Македонската кошаркарска репрезентација загуби со 72-94 на гостувањето во Литванија во квалификациите за Евробаскетот, а селекторот Александар Јончевски смета дека резултатот не е реален одраз на односот на теренот.

Јончевски ѝ честита на Литванија за триумфот, а потоа ги посочи проблемите со кои се соочила македонската репрезентација во Клаипеда.

„Се боревме во најголемиот дел од натпреварот. Овој резултат не е реален одраз на односот на теренот, победата на Литванија е наполно заслужена и јас ѝ честитам, но се можеше да тргне во друга насока. Најголем проблем ни беше скокот, ни недостасуваат високи играчи кои можат да го контролираат рекетот и настрадавме од кошеви од втора шанса и покрај тоа што се боревме во најголемиот дел од мечот. Не знам дали долгиот пат до Литванија е главна причина за нашиот пораз, но горд сум на кошаркарите на тоа како се бореа. Можеби исто ќе беше и ако дојдевме со нив заедно по натпреварот во Скопје. Уште стојам на тоа дека македонската репрезентација има поголем талент од литваанската, но зборувам за овие екипи, а не воопшто за репрезентациите на двете репрезентации воопшто“, кажа Јончевски.