Мареска: Смешно ми е кога слушам критики за Пеп!

Тренерот на Челси, Енцо Мареска му даде поддршка на Пеп Гвардиола со кој заедно работеше во Манчестер Сити.

Мареска пред да ја почне соло кариерата му беше помошник на Гвардиола во Манчестер Сити, па многу добро го познава шпанскиот стратег.

На Пеп му гори под нозе, на последните 12 натпревари има само една победа и дури девет порази.

„Смешно ми е кога ќе видам критики за Пеп Гвардиола како велат дека е готов“, вели Мареска.

„Зборував со Пеп, тој е комплетно смирен и знае што точно се случи. Ако сте инволвирани во фудбалот, видете го бројот на повреди кои го имаат, тоа не е нормално“.