Барди ќе ја зголеми колонијата на македонски фудбалери во Хрватска
Како потенцијална дестинација на Барди се споменува Хрватска, односно Динамо Загреб каде што веќе играат двајца поранешни македонски репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Турските медиуми пишуваат дека Динамо Загреб сака да го засили својот состав со Барди, кој досега во кариерата играше за Ујпешт и Леванте, а од 2022 година го носи дресот на Трабзонспор.
Динамо во моментов е третопласиран во хрватската лига со 29 бодови, односно седум помалку од Риека и Хајдук Сплит, додека во Лигата на шампиони (ЛШ) е на 24. позиција со осум поени.