Овен ги „искара“ навивачите на Сити: Кога најмногу му се потребни на тимот, тие исвиркуваат
Шампионот на Англија одигра нерешено (1-1) против Евертон, а фудбалерите потоа беа исвиркани од домашните фанови кои се незадоволни од кризата која веќе предолго трае.
„Навивачите на Сити ја исвиркаа својата екипа на крајот на натпреварот. Години и години неверојатен успех кој сведочи за можеби најдобриот фудбал кој светот го видел некогаш. И кога најмногу му се потребни на тимот, тие исвиркуваат“, рече Овен.
Во претходните осум години Сити освои шест шампионски титули во Премиер лигата, но оваа сезона не само што е далеку од такво нешто, туку прашање е дали ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите.