Најтешка повреда во кариерата: Дончиќ испаѓа од трката за МВП на сезоната

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ ќе паузира најмалку еден месец откако доживеа повреда на листот на божиќниот дуел против Минесота.

Тој го напушти теренот уште во првото полувреме, а прегледите покажаа дека степенот на истегнување на мускулот е прилично висок што бара и долга пауза. До неговото враќање, Далас ќе одигра најмалку 17 натпревари што значи дека Дончиќ дефинитивно испаѓа од трката за МВП на сезоната во НБА бидејќи условот за да влезе во конкуренција е играње на најмалку 65 во текот на сезоната. 

Ова ќе биде најдолга пауза во кариерата за кошаркарот на Далас Маверикс и првпат нема да стигне до бројката од најмалку 65 одиграни натпревари.