Роналдо избран за најдобар фудбалер на Блискиот Исток (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар фудбалер на Блискиот Исток на наградите на „Супер Глоуб“ кои се одржаа вечерва, а притоа даде коментар за првенството во Саудиска Арабија.

Роналдо ја победи конкуренцијата и ја доби престижната награда, по што кажа дека е многу потешко да се игра во С. Арабија, отколку во Франција.

„Саудиската лига е подобра од француската Лига 1. Во Франција постои само ПСЖ, останатите не се на тоа ниво. Обидете се да трчате на 38, 39 или 40 степени, па ќе видите за што зборувам“, кажа Роналдо.