Винисиус: Ако Роналдо вели дека сум најдобар, верувам дека е навистина така

Вчера беа доделени наградите на „Глоуб Сокер“ каде што Винисиус Жуниор беше избран за најдобар фудбалер, а на настанот присуствуваше и Кристијано Роналдо.

Роналдо го доби признанието за најдобар фудбалер на Блискиот Исток, а при појавувањето на сцената меѓу другото зборуваше и за Винисиус.

„Почестен сум што сум тука. Ако еден Кристијано Роналдо вели дека сум најдобар, тогаш верувам дека е така. Прекрасно е чувството да бидам тука со Роналдо и Нејмар, моите најголеми идоли во фудбалот“, изјави Бразилецот.

Во изминатата годината Винисиус не успеа да дојде до „Златната топка“ која заврши во рацете на Родри, но покрај оваа наградата го доби и признанието на ФИФА за најдобар во светот.