Мурињо си побара пакетче од Дедо Мраз со – две засилувања во него!

Напаѓачот на Челси и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, би можел наскоро да замине во Турција, со оглед што е трансферна цел на Фенербахче.

Турскиот медиум „Фотомач“ објави дека Жозе Мурињо лично се обратил до претседателот на клубот, Али Коч, со барање да го ангажира неговиот сонародник. Во обид да го убеди играчот, Мурињо разговарал со фудбалерот, нагласувајќи дека преминувањето во Фенербахче нема да претставува чекор назад во неговата кариера. Планот на клубот од Истанбул е да го донесе Феликс на позајмица, со можност подоцна да го откупи неговиот договор.

Иако ова е втора сезона на Португалецот во Челси, неговата улога кај тренерот Енцо Мареска е ограничена. Од почетокот на сезоната, тој настапи на девет натпревари во Премиер – лигата, но само двапати започна како стартер.

Фенербахче работи на повеќе фронтови, со оглед што покрај Феликс, турскиот тим е заинтересиран и за украинскиот играч Олександр Зинченко, кој настапува за Арсенал, кој исто така е голема желба на Мурињо.