Роналдо ја понижи Лига 1, одговорот од Франција ќе го пече додека е жив (ФОТО)

Кристијано Роналдо не пропушта можност да искоментира дека саудиското првенство во кое игра тој е едно од најквалитетните во светот, па дури и од француската лига која е во топ-5 во Европа.

Таквите изјави имаат само една цел - да го негираат ефектот на Лионел Меси кој две сезони од својата кариера помина во ПСЖ и со овој тим освои две шампионски титули во Лига 1. Роналдо истото го кажа и вчера, на доделувањето на Глоуб Сокер Авордс во Дубаи каде уште еднаш потенцираше дека саудиската лига е потешка од француската затоа што се игра на температури од 38, 39 и 40 степени Целзиусови.

 

 

Од Франција повеќе не можеа да молчат на ваквите навреди, па денеска одлучија да му одговорат на Роналдо на провокациите и тоа на најболниот начин за португалскиот фудбалер. На официјалниот профил на Лига 1 на шпански јазик на Твитер, објавија фотографија од Лионел Меси со трофејот од Светското првенство што се одржа во Катар, во близина на Саудиска Арабија и напишаа статус „Лео Месо кога игра на 38 степени Целзиусови“ со емотикони од ѕвезда, аргентинското знаме и коза како алузија дека Меси е најдобар на сите времиња (GOAT - Greatest Of All Time).