„Чистка“ во Воска: Охридскиот клуб се раздели со девет фудбалери

Екипата на Воска Спорт со големи промени ќе влезе во вториот дел од сезоната, а тоа стана јасно откако клубот утрово објави дека се разделува со дури деветмина фудбалери.

Муамет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоски се фудбалерите кои нема да го носат дресот на охридскиот клуб во втората половина од сезоната.

„Клубот се заблагодарува на фудбалерите кои беа дел од нас во изминатиот период. Им посакуваме успех и здравје во понатамошниот дел од нивните кариери“, соопшти Воска Спорт.

Првиот дел од сезоната Воска го заврши како последна на табелата со само две победи, шест нерешени натпревари и десет порази.