Арсими во последниот ден од годината објави две засилувања

Во последниот ден од годината второлигашот Арсими објави две нови засилувања во своите редови во битката да обезбеди пласман во Првата лига.

Нови членови на тимот од Чегране се Малиќ Бељуљи и Стојан Стојчевски. Бљуљу доаѓа од редовите на Беса за која одигра само два натпревари во првиот дел од сезоната.

Стојчевски од друга страна пристигна од Еуромилк од кој беше дел во последната година. Станува збор за фудбалер кој има и прволигашко искуство бидејќи во минатото беше дел од екипи како: Вардар, Работнички, Силекс...