Салах го напушта Ливерпул: Ова ми е последна сезона во клубот!
Салах кажа дека преговорите за продолжување на соработката биле запрени и тоа значи дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Навистина сакам да ја освојам Премиерлигата оваа сезона затоа што ми е последна во клубот. Сакам да му подарам нешто посебно на овој град“, кажа Салах.
Салах игра за „црвените“ од 2017 година, а оваа сезона е феноменален и постигна 20 голови и 17 асистенции на 26 одиграни меча.