На Монца не ѝ оди ниту со нов тренер, пораз од Каљари

Монца го промени Алесандро Неста, но резултатите не се променија, денеска загубија на домашен терен од Каљари со 2-1.

Мечот почна одлично за Монца, во 6. минута Капрари погоди од пенал за водство од 1-0.

Но, предноста на домаќините траеше само до 22. минута кога Зортеа го изедначи резултатот на 1-1.

Каљари беше подобар тим во мечот и тоа го круниса со гол на Пиколи во 57. минута за комплетен пресврт и победа од 2-1.