Магија на Леао, епски пресврт и трофеј за Милан (ВИДЕО)
Триумфот дополнително добива на значење ако се знае дека во 47. минута „нераѕурите“ водеа со 2-0 и се чинеше дека лесно ќе излезат на крај на овој натпревар. Головите за Интер ги постигнаа Лаутаро Мартинез и Тареми, но три минути по вториот погодок, се случи клучниот момент на мечот.
Сержо Консеисао во игра го уфрли Рафаел Леао и португалскиот репрезентативец се покажа клучен за големиот пресврт на Милан. Иако не постигна ниеден погодок, Леао учествуваше во акциите за сите три гола на неговиот тим.
Во 52. минута изнуди слободен удар кој во гол го претвори Тео Ернандез, во 80. минута ја почна акцијата по која Пулишиќ израмни, а во третата минута од судиското продолжение му асистираше на Ејбрахам за комплетирање на пресвртот.
Ова е осми трофеј за Милан во италијанскиот Суперкуп, колку што има и Интер, а подобри од нив е само Јувентус, со девет.