Нов обид на Барселона во случајот на Олмо, ќе се жали до Врховниот спортски совет

Во шпанската јавност и понатаму е актуелен случајот со Дани Олмо и Пау Виктор, а според последните информации Барселона ќе испрати жалба до Врховниот спортски совет и ќе се надева на позитивен одговор.

Раководсвото на каталонскиот гигант поднесе жалба до Советот за спорт на Шпанија (ЦСД) барајќи итно разгледување на случајот откако Ла Лига и Фудбалскиот сојуз на Шпанија неодамна го одбија последното барање на Барселона.

Правната служба на спортскиот совет сега го истражува барањето на Барселона, кое се состои од 52 страници и 60 документи. Одлуката се очекува да биде најдоцна до крајот на неделата.

Ако одлуката биде негативна, случајот тука не завршува бидејќи Барселона во рок лд пет дена по донесената одлука ќе има можност за уште една до судот.