Вардар ги прекина договорите со Блажевски и Велковски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар соопшти дека клубот го напуштаат Мартин Блажевски и Давид Велковски.

Блажевски по речиси четири сезони минати во Вардар ќе бара нов предизвик во кариерата, додека Велковски по речиси шест сезони и повеќе од 100 натпревари ги напушта „црвено-црните“.

Блажевски во кариерата играше за Дрита, Гостивар, Тетекс, Охрид, Металург и други екипи, додека Велковски претходно играше за младинските категории на Вардар и Брегалница.