Шкендија најде нов голман: Јанков се сели во Тетово

Поранешниот голман на Тиквеш, Ристо Јанков потпиша договор со бившиот македонски шампион Шкендија и доаѓа како замена за Давор Талески, кој претходно се пресели во Вардар.

Јанков во кариерата играше за Работнички, Брегалница, Тиквеш, Каспиј, Политехника, а исто така го носеше и репрезентативниот дрес.

Шкендија во моментов е на делба на првата позиција со Силекс и Работнички, кои имаат по 37 бодови.