Противникот на Македонија на Мундијалот, ремизираше против Србија

Ракометната репрезентација на Унгарија одигра нерешено против Србија (31-31) во првиот од двата теста пред почетокот на Светското првенство.

Мечот се одигра во Сомбор пред околу 2.000 гледачи, Унгарците играа во најсилен состав, додека во селекцијата на Србија недостасуваа неколку стандардни репрезентативци. Србите не играат на претстојниот Мундијал, па овој термин го искористија за да пробаат некои нови, млади играчи пред доаѓањето на новиот селектор Раул Гонзалес.

Унгарија во првото полувреме водеше со 13-8, а и во второто го диктираше темпото до завршниот дел од мечот. Сепак, на голем одмор Србија замина со предност од 16-15, а во финишот имаше шанса да дојде и до победа. Мате израмни на 31-31 на околу 20 секунди пред крајот, Србите го имаа последниот напад, но одиграа неорганизирано и шансата отиде во неврат.

Двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски меч, в петок во Сегедин. Унгарија е прв противник на Македонија на претстојното Светско првенство, а натпреварот е на програмата на 15 јануари во Вараждин.