Бугаринот Попов ги изненади сите и ја освои Мадона Ди Кампиљо!
Победата е уште посензационална ако се знае дека Попов по првото возење имаше осмо најдобро време, а потоа со второто фантастично скијање направи големо изненадување на стазата Мирамонти.
Попов во втората трка имаше и многу среќа, бидејќи се откажаа фаворити, дури и Атл Ли Меграт кој беше најбрз во првото возење.
Второто место го освои Лук Мејар од Швајцарија кој каснеше зад победникот со 44 стотинки. На подиумот место имаше и за уште еден Балканец, и тоа по првпат во кариерата, Самуел Колега од Хрватска беше трет со 46 стотинки зад Попов.
Колку голем успех е овој за 27-годишниот скијач говори фактот дека Бугарија на победа во Светскиот куп чека дури 45 години, последен пат се имаа израдувано на Петер Попангелов кој победи во 1980. година.