Јакимовски ја помина магичната граница во НЦАА

Колорадо Бафалос доживеа пораз на гостувањето кај УЦФ Најтс со 74-75, но натпреварот го одбележа јубилејот на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.

За 36 минути колку што помина на теренот, тој постигна 16 поени со четири тројки и беше втор стрелец во својата екипа. Со 13. поен, ја достигна бројката од 1.000 во НЦАА, во неговата последна сезона во ова натпреварување.

За Колорадо ова беше трет пораз во низа по кој се најде на 12. место во Биг-12 дивизијата со биланс 9/5. Најважните натпревари за тимот допрва почнуваат бидејќи во следниот период ќе игра со екипи од својата дивизија.