Кливленд е најдобар во НБА, ја среди и Оклахома (ВИДЕО)
Славеше на двата меча против Денвер, еднаш го победи Бостон, а ноќеска го среди и лидерот во Западната конференција, Оклахома со 129-122. Тоа е 11. победа по ред за најдобриот тим во лигата, а воедно ѝ ја прекина серијата на Оклахома која изнесуваше 15 триумфи.
Како што се очекуваше пред вакво дерби, мечот помина во израмнета игра, но во последните миути Кливленд имаше повеќе инспирација во нападот. На три минути пред крајот Кавс водеа со 121-114 и се чинеше дека тука е крајот, но една минута подоцна Оклахома беше на само -2 (122-124). Се беше решено кога Мобли поентираше за домашниот тим, а на спротивната страна промаши Гилџес-Александер, па Клибленд конечно стави точка на мечот.
Гилџес-Александер беше на ниво, постигна 31 поен, добар беше и Вилијамс со 25 поени, но сето тоа недоволно за Оклахома да слави. Во победничкиот тим, Ален реализира 25 поени, 12 скока и 6 асистенции, а дабл дабл имаше и Мобли со 21 поен и 10 скока. Кливленд останува убедлив лидер на Истокот и воопшто во лигата со биланс 32/4, а Оклахома и покрај поразот, се уште има голема предност пред второпласираниот Хјустон на Западот.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд - Оклахома 129-122
Индијана - Чикаго 129-113
Филаделфија - Вашингтон 109-103
Бруклин - Детроит 98-113
Њујорк - Торонто 112-98
Њу Орлеанс - Портланд 100-119
Денвер - ЛА Клиперс 126-103
Милвоки - Сан Антонио 121-105